4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДецата пребирливи во исхраната се понаклонети на емоционални проблеми

Децата пребирливи во исхраната се понаклонети на емоционални проблеми

deca jadenje

Децата коишто се многу пребирливи во храната се многу понаклонети на емоционални проблеми за кои е потребна стручна помош, се заклучува во истражувањето објавено во понеделникот во американското списание Pediatrics.

Повеќе од 20 отсто од децата во САД на возраст од две до шест години се избирливи во ханата, се наведува во студијата спроведена над 3.433 испитаници. Речиси 18 проценти од нив се оценети како умерено пребирливи, а околу 3 отсто се категоризирани како „извонредно пребирливи“.

„Децата за кои тука станува збор, не се деца коишто понекогаш одбиваат да јадат, на пример, брокула. Станува збор за деца коишто не јадат доволно, што тоа станува проблем“, вели Ненси Цукер, директорка на институтот Дјук за пореметувања во исхраната, која е главна авторка на споменатата студија.

Накусо, главниот заклучок на студијата е дека децата оценети како умерено и извонредно пребирливи во исхраната, се многу понаклонети кон симптомите на депресија и анксиозност.

Ваквата пребирливост би можела да се сведе под поимот на ново нарушување, наречено од американските научници „Avoidant/Restrictive Food Intake Disorder“, коешто означува избегнување и ограничено земање храна, што е нова дијагноза која се најде во најновиот американски прирачник за психички болести од 2014 година.

На некои деца би можеле да им биде од полза терапијата со којашто, меѓу другото, подобро ќе бидат запознаени со храната којашто за нив е причина за анксиозноста.

Меѓутоа, таквата терапија можеби не би била соодветна за децата коишто се силно чувствителни на мирисот и вкусот на некоја храна, оценуваат истражувачите истакнувајќи ја важноста од прилагодувањето на терапијата на возраста на детето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП