18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнастасија Богдановски со нов државен рекорд ја потврди Б нормата за Рио

Анастасија Богдановски со нов државен рекорд ја потврди Б нормата за Рио

bogdanovski 02

Македонската пливачка Анастасија Богдановски го освои 35-то место во конкуренција на 63 пливачки во квалификациите дисциплината 200 метри слободно, на Светското првенство во Казан.

Анастасија Богдановски исплива до нов државен рекорд (2:01.28 мин.) и го собори досегашниот кој што беше во нејзина сопственост (2:01.92 мин.) остварен минатата година во Сент Мери.

Таа пливаше подобро и за 96 стотинки од претходно остварената олимписка Б-норма, во мај годинава, во Шарлот, САД.

Богдановски во четврток треба да плива и на 100 метри во слободен стил, а во среда се очекува да настапи и вториот наш олимписки стипендист Марко Блажевски, и тоа на 200 мешано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП