21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОВреме е за Audi Cup 2015

Време е за Audi Cup 2015

cup audi

Четвртото издание на пријателскиот турнир „Audi Cup 2015“ повторно ќе ги собере во главниот град на Баварија, Минхен некои од најголемите ѕвезди од светската фудбалска елита. За само неколку часа во битка за трофејот ќе влезат Баерн Минхен, Реал Мадрид, Милан и Тотенхем. По традиција домаќин на настанот ќе биде стадионот на баварскиот гигант – „Алијанц Арена“.

Почеток на шоуто ќе биде вечерва од 18:15 часот, кога десеткратниот европски клупски шампион Реал Мадрид ќе го пречека учесникот во Премиер лигата Тотенхем. Двата клуба се познаваат одлично, а токму тимот од „Вајт Харт Лејн“ ги продад на кралскиот клуб двете од нивните најголеми ѕвезди во моментов – Лука Модриќ и Герет Бејл. Малку по крајот на возбудливиот шпанско-англиски судир – од 20:45 часот, еден против друг ќе се соочат двата од најуспешните тимови на Стариот континент – Баерн и Милан.

Кулминација во провинцијата Баварија пак е предвидена за среда вечер. Тогаш од 20:45 часот, победниците од двете полуфинални парови ќе влезат во битка за трофејот од четвртото издание на турнирот. Досега, во претходните три случаи, на два пати одликувањето остануваше во Минхен, а само еднаш тоа беше пехарот замина во рацете на странски тим. Тоа го стори актуелниот европски клупски шампион Барселона во 2011-та година.

Меѓу низата големи клубови кои учествувале на „Audi Cup“ се забележуваат имињата на рекордерот по титули во Англија, Манчестер Јунајтед, градскиот ривал Манчестер Сити, аргентинскиот гигант Бока Јуниорс и бразилскиот трикратен добитник на „Копа Либертадорес“, Сао Паоло.

Програма на турнирот:

Вторник, 4-ти август:

Полуфинале:

18:15 часот: Реал Мадрид – Тотенхем, „Алијанц Арена“, Минхен

20:45 часот: Баерн Минхен – Милан, „Алијанц Арена“, Минхен

Среда, 5 август:

Финалиња:

18:15 часот : дуелот за третото место, „Алијанц Арена“, Минхен

20:45 часот: Финале, „Алијанц Арена“, Минхен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП