17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП пливање: Соборени три светски рекорди

СП пливање: Соборени три светски рекорди

пливанје

Унгарската пливачка Катинка Хошсу на 200 метри мешано, Швеѓанката Сара Шестром на 100 метри пеперутка и Американката Кети Ледецки на 1.500 метри слободно станаа во понеделникот сопственички на новите светски рекорди испливани на вториот ден од натпреварите на Светското првенство кое се одржува во руски Казан.

Денот кој ќе се памети по рекордите во утринските квалификации го започна 18-годишната Американка Кети Ледецки која за 65 стотинки го поправи сопствениот светски рекорд на 1.500 м слободно, кој сега изнесува 15:27.71 минути.

Потоа 21-годишнаа шведска пливачка Сара Шестрем по вторпат во два дена го поправи светскиот рекорд на 100 м пеперутка и го освои златниот медал. Во финалето во неделата Шестрем исплива 55.74, а во понеделникот во финалната трка за десетинка го поправи својот свески рекорд кој сега изнесува 55.64 секунди, Сребрениот медал го освои Данката Џанет Отесен (57.05), а бронзениот Кинеската Јинг Лу (57.48).

Во последната финална дисциплина на вториот ден 26-годишната Унгарка Катинка Хошсу ја одбрани титулата светски првак на 200 м мешовито од Барселона 2013 и тоа со светски рекорд. Хошсу исплива резултат 2:16.12 и за три стотинки го подобри рекордот кој на Светското првенство 2009-та во Рим го постави Американката Ариана Кукорс. Среброто го освои Јапонката Канако Ватанабе (2:08.45), а бронзата Британката Сиобан Мари О’Конор (2:08.77).

На 100 м градно славеше светскиот рекордер Британецот Адам Пити со време 58.52 секунди. Сребрениот медал му припадна на Јужноафриканецот Камерон ван дер Бург (58.59), кој инаку беше во водство целата трка а го загуби златото во финишот. Британците ја освоија и бронзата преку Рос Мардок со време 59.09 секунди.

Французинот Флорен Манаду беше најбрз на 50 м пеперутка со време од 22.97 секунд, Бразилецот Николас Сантос мораше да се задоволи со среброто (23.09), а бронзата ја поделија Полјакот Конрад Сшернак и искусниот 30-годишен Унгарец Ласло Чех со заостанување од 0.18 секунди зад победникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП