26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПливање: Ледецки со нов светски рекорд

Пливање: Ледецки со нов светски рекорд

ledecki

Американската пливачка Кејти Ледецки(18) во понеделник постави нов светски рекорд на 1500 метри слободно во кавлификациската трка на Светското првенство во Казан.

Ледецки, која е бранител на титулата од пред две години во Барселона, во понеделник оствари резултат од 15:27.71 минути, со што за 65 стотинки го поправи сопствениот рекорд, што го постави во август минатата година на Панпацифичките игри во Голд Коуст.

Финалната трка на 1500 метри за пливачки на програмата во вторник.

Ледецки пред две години во Барселона како 16 годишна освои злато на 400, 800 и 1500 метри, а настапот во Казан го отвори во недела со одбрана на титулата на 400 метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП