Факелот за Олимписките игри кои следната година ќе се одржат во Рио де Жанеиро ќе биде запален во грчка Олимпија на 21-ви април, пред да тргне на пат за Бразил дванаесет дена подоцна, објавија организаторите.
Факелот ќе тргне за Бразил на 3-ти мај 2016-та година за да го започне својот пат по оваа јужноафриканска земја кој ќе трае сто дена.
Организаторите на Олимписките игри во Рио на почетокот од јули објавија дека факелот ќе го носат 12.000 лица низ 500 градови и села, од кои 83 се големи градови, со што олимпискиот факел треба да видат 90 отсто од бразилското население. Рио де Жанеиро е првиот јужноамерикански град кој ќе биде домаќин на Олимписките игри.
Севкупно симболот на Олимписките игри кои ќе се одржат од 5-ти до 21-ви август 2016-та година, ќе биде 20.000 километри по копно и 16.000 километри во воздух.
Факелот за летните, но и за зимските олимписки игри, традиционално се запалува со помош на параболично огледало и сончеви зраци на свечена церемонија на Олимпија, место каде што се одржувале античките игри.
Запалувањето на факелот и неговото пренесување од град до град сé до местото каде што ќе се одржуваат игрите не постоело во древна Грција, туку го вовеле организаторите на Олимписките игри кои во 1936 година се одржувале во Берлин.