15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтеван Јоветиќ официјално премина во Интер

Стеван Јоветиќ официјално премина во Интер

jovetic n

Стеван Јоветиќ официјално премина од Манчестер Сити во Интер. Договорот на Црногорец со „нероазурите“ е до летото 2019-та година.

„Стеван Јоветиќ потпиша со Интер договор за година и пол со позајмица и со опција трансферот да стане постојан“, напишаа од Манчестер Сити на официјалната страница.

„Црногорскиот напаѓач потпиша договор со Интер до 30-ти јуни 2019-та година“, се вели во официјалното соопштение од италијанскиот клуб.

„Ние сме возбудени да го објавиме трансферот на Јоветиќ. Тој е уште еден важен фудбалер за нашиот тим. Тој е динамичен фудбалер кој може да го направи нашиот напад уште подобар. Верувам дека тренерот Роберто Манчини ќе го извади најдоброто од него“, изјави претседателот на Интер, Ерик Тохир.

Според неофицијалните информации Интер ќе плати на Манчестер Сити 3 милиони евра за првичните 18 месеци за позајмицата, а за да стане трансферот постојан „нероазурите“ ќе мора да доплатат уште 12 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП