26 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 01.08.2015

Дневен хороскоп 01.08.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе бидете многу енергични и во вистинско расположение за разрешување на некое долго одложувано пратнерско прашање. Некој близок пријател на кој сте му верувале може да ве разочара, но тоа не треба да го земате за срце. Во љубовта ситуација е стабилна,

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денешниот ден ќе изобилува со позитивност и ведрина. Желни сте за пријатели и забава. Чувствувате наплив на емоции кои ќе ве натераат да организирате средби со вашите блиски. Некои од вас ќе успеат да продлабочат некои пријателства и ќе бидат среќни поради тоа.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе бидете полни со позитивна енергија и ќе сакате да го правите она што навистина го сакате, па можеби затоа ќе барате повеќе отколу што можете да поднесете. Уживајте во разговорите со другите. Ќе ги изненадите луѓето со својата дарежливост и екстраваганција.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ако се обидувате премногу да се посветите на некои прашања во работата кои ви се поинтересни, ќе се најде некој што ќе ве критикува и ќе ви укажува на некои обврски кои се повеќе приоритетни. Ако ова сценарио се случува во вашата приватност, тоа укажува на скриени импликации.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ако вашите професионално финансиски цели не се усогласуваат со заедничките интереси, не бидете егоистични и суетни. Променете ја стратегијата и прилагодете се со цел да ги зачувате вашите интереси. Нема потреба од двојни игри или прикривање на вистината. Во однос на партнерот бидете поотворени.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Имате многу енергија и издржливост – доколку се занимавате со спорт или уметност ќе постигнете извонредни резултати. Некои од вас тврдоглаво ќе се држат за своите цели и ќе пробиваат пат за нивно остварување. Но, има и такви кои се обземени од романтични емоции и имаат зголемени потреби за емотивна размена.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Очекувајте различни добри можности кои доаѓаат во ваша насока. Можни се различни добивки или олеснувања. Извесни се информациите кои се поврзани со нова работа или подобрување на околностите на постоечкото работно место.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес ќе се појават критики од страна на некои повозрасни личности или авторитети. Ќе биде предизвик да се воздржите од било какви реакции. Во втората половина од денот ве очекуваат убави моменти во односот со партнерот или блиските пријатели.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе имате многу зафатен ден, со многу проблеми со кои ќе треба да се соочите. Направете детален план за дејствување, со цел да го избегнете залудното губење на енергија. Иако може да бидете многу ефикасни, ќе треба да ја прифатите поддршката на вашите пријатели.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ви се советува сами да не се справувате со сите ваши проблеми. Ќе треба да прифатите поддршка од некој пријател. Советот понуден од некоја постара личност од вашето опкружување ќе се покаже кориен во избегнувањето на конфликтот со некој од вашите бизнис партнери.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ви се советува да ги искористите предностите и да се посветите на образование и градење на планови за иднината. Вашите социјални вештини ќе бидат одлични денес и ќе ја имате можноста да склучите некои нови пријателства. Може да се потпрете на интуицијата.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Имате потреба да воведете некои промени во вашиот живот, но се уште не знаете кои ви се приоритетите. Послушајте го вашиот внатрешен глас или совет од некоја личност која добро ве познава, и нема да згрешите. Доколку планирате некое патување, испланирајте ги однапред сите трошоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП