10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнгеловски: Голема победа на Работнички

Ангеловски: Голема победа на Работнички

ангеловскиииии

Работнички го совлада фаворизираниот Трабзон со 1:0 во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лига Европа. Тренерот на ‘романтичарите’ Игор Ангеловски по мечот рече дека е горд на своите фудбалери и најави во реваншот борба до последниот атом на силите.

„Задоволен сум од резултатот, победивме екипа која вреди 105 милиони евра. Некој да ни кажеше пред мечот дека ќе заврши 1:0 ќе прифатевме без размислување. Горд сум на моите фудбалери, ние уште не сме свесни каков тим победивме. На пресот пред натпреварот реков дека од овој натпревар можеме многу да добиеме и тоа се покажа како точно, ова е голема победа и за целата спортска јавност во Македонија. Имаме активен резултат имаме предност и ќе сториме се ние да бидеме тие кои ќе одат во плејофот, но Трабзон е сеуште фаворит, ние ќе го дадеме максимумот во реваншот за да го минеме противникот“, изјави Ангеловски.

Шефот на стручниот штаб на Работнички дополни дека очекува во реваншот Трабзон да нападне со сите сили, но и дека 1:0 е незгоден резултат “тие ќе мора да нападнат, а во исто време ќе мора да внимаваат и на својот гол, тука ќе ни се отвори можност за контранапади“.

На новинарско прашање каков резултат очекува во реваншот со оглед на тоа што неговиот колега Аверладзе најави победа на Трабзон, тој одговори: „Па нека победат со 2:1“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП