10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрвеладзе: Не го потценивме Работнички, очекувам победа во реваншот

Арвеладзе: Не го потценивме Работнички, очекувам победа во реваншот

trener-trabzon

Тренерот на Трабзон Шота Арвеладзе и покрај поразот од Работнички (1:0), во првиот меч од третото квалификациско коло во Лига Европа, е убеден дека неговиот тим ќе се пласира во наредната рунда.

„Натпреварот започна како што очекувавеме, ние се обидивме но не успеавме да воспоставиме контрола во средината на теренот, не успеавме тука да го ‘отвориме’ Работнички. Во тој период и го примивме голот. Во вториот дел игравме подобро имавме неколку опасни напади преку крилните играчи, но не успеавме да погодиме. Пред натпреварот целта ни беше да не примиме гол но за жал не успеавме во тоа. Работнички е еден добар тим, сериозно му пристапивме на натпреварот, не го потценивме противникот. Очекувам дека ќе победиме на реваншот“, рече по натпреварот тренерот на Работнички Шота Арвеладзе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП