9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал: Не знам каде е Ди Марија

Ван Гал: Не знам каде е Ди Марија

ma van gal

Шпекулациите дека Анхел Ди Марија заминува од Манчестер Јунајтед дополнително го ‘подгреа’ менаџерот на ‘црвените ѓаволи’ Луј Ван Гал кој рекол дека не знае каде се наоѓа неговиот играч.

„Верувајте не знам каде се наоѓа Ди Марија“, им изјавил на новинарите Ван Гал по поразот на Јунајтед од ПСЖ (0:2) на турнејата во САД. Токму ПСЖ се споменува како следна дестинација на Аргентинецот.

За разлика од Ван Гал, тренерот на ПСЖ Лоран Блан е добро упатен во она што го работи неговиот клуб.

„Манчестер Јунајтед и ПСЖ се големи клубови, а преговорите знаат да бидат тешки. Но блиску сме до комплетирање на трансферот“, рекол Блан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП