Фудбалскиот клуб Ајакс официјално потврди дека досегашниот играч на овој клуб Рикардо Кишна кариерата ја продолжува во римски Лацио.
„Ајакс и Лацио постигнаа договор околу трансферот на Рикардо Кишна“, се наведува во кусото соопштение на холандискиот тим.
Кишна кој со Ајакс имаше договор до јуни наредната година во средата ги мина медицинските прегледи во Лацио.
Рикардо Кишна е роден во 1995 година, тој со Лацио потпишал четиригодишен договор вреден 1,2 милиони евра по сезона.
Холандскиот напаѓач за Ајакс одиграл 48 натпревари и постигнал седум голови.