21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ го порази Јунајтед и ја освои титулата на американската турнеја

ПСЖ го порази Јунајтед и ја освои титулата на американската турнеја

psg kup

Фудбалерите на ПСЖ го освоија Интернационалниот куп на шампионите во САД, откако во финалето славеше победа над Манчестер Јунајтед од 2:0. Дуелот на „Солџер Филд“ стадионот во Чикаго кој беше следен од 60.000 гледачи беше решен во првото полувреме кога Блез Матуиди и Златан ибрахимовиќ го совладаа Давид Де Хеа.

ПСЖ му го нанесе првиот пораз на Манчестер Јунајтед на турнејата по САД и го освоија првото место на турнирот со десет бодови колку што собра и Њујорк Ред Бул, но францискиот шампион има подобра гол разлика.

Финишот на подготовките уште еднаш му потврди на менаџерот на Јунајтед, Луј Ван Гал дека ќе мора да се обиде да донесе во тимот квалитетен централен дефанзивец, бидејќи токму по две грешки на централниот дел на одбраната ‘црвените ѓаволи’ примија два гола.

ПСЖ првиот гол го постигна во 25-та минута откако целиот тим одигра сјајна акција. Најпрвин лесно, со неколку куси додавања, ја изнесоа топката од својот шеснаесетник, дефанзивецот на Јунајтед Фил Џоунс излезе премногу високо на Ибрахимовиќ кој лесно се ослободи од својот чувар го проигра Лукас Моура кој нафрли за Матуиди, а францускиот репрезентативец го искористи испаѓањето на Џоунс и го совлада Де Хеа.

Слична акција играчите на ПСЖ изведоа и нешто подоцна кога го постигнаа вториот гол, само што овој пат Максвел му асиситираше на својот најдобар пријател Ибрахимовиќ, а одново виновник за голот беше Џоунс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП