29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБМВ го потврди Х4

БМВ го потврди Х4

BMW-X4-CONCEPT-W

„BMW Group“, најголемиот светски произведувач на луксузни автомобили ги потврди очекувањата за профитот во 2013-та година и најави зголемување на капацитетот на производство и вложување во најновата технологија.

„На пат сме оваа година да дојдеме до раст на продажбата во сите дивизии и да достигнеме нов рекорд на продажба“, изјави Извршниот директор на БМВ, Норберт Рајтхофер.

Тој исто така најави дека до крајот на 2014-та година дури 25 нови модели ќе бидат додадени во производната гама на компанијата, вклучувајќи го и помалиот брат на Х6, моделот Х4.

„Го креиравме премиум сегмент „Sports Activity Vehicle“. Досега на пазарот немаме продадено автомобил со погон на сите четири тркала, а да е повеќе со спортски изглед“, додава дирекорото на БМВ.

Од доцните деведесети до денеска, БМВ продаде дури 2.7 милиони автомобили од семејството Х, а следната година е таа во која ќе владее Х4.

Претходно од БМВ најавија дека овој нов модел ќе биде долг 4.65 метри и ќе користи четири и шестцилиндрични бензински и дизел мотори од моделот Х3, со кој ја делат оваа платформа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП