21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерхио Рамос останува во Реал до 2020-та година

Серхио Рамос останува во Реал до 2020-та година

ramos perez 33

Од почетокот на летото конфликтот помеѓу Серхио Рамос и раководството на Реал Мадрид беше една од најкоментираните фудбалски теми во Шпанија, но и во цела Европа. Сепак, двете страни најдоа заеднички јазик и на крајот дефанзивецот ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“.

Според „Марса“, Рамос се согласи да го обнови договорот, така што ќе се поврзе со „кралскиот клуб“ до 2020-та година. Платата на шпанскиот репрезентативец ќе биде 9 милиони евра, а официјалното прогласување на новиот договор ќе се случи пред стартот на сезоната во Примера, кој е закажан на 23-ти август.

Рамос и претседателот на Реал, Флорентино Перез беа во затегнати односи, но на состанокот во Кина, тие најдоа заеднички јазик. Дефанзивецот ќе добива сума, многу блиску до 10-те милиони евра, за кои инсистираше. Покрај тоа, тој ќе биде новиот капитен на тимот по продажбата на Икер Касиљас во Порто.

Актуелниот договор на Серхио Рамос истекува во 2017-та година, а веста за договорот меѓу него и Реал става крај на надежите на Манчестер Јунајтед да го привлече во своите редови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП