Полскиот репрезентативен голман Војчех Счесни(25) оваа сезона ќе ја помине како позајмен играч од лондонски Арсенал во Рома, објавија обата клуба во среда.
Счесни го напушти Арсенал откако претходно на Емиратес пристигна искусниот чешки голман Петр Чех, долгогодишен член на Челзи.
„Дојдов да победувам и освојувам трофеи со Рома и верувам дека имаме доволно силна екипа за тоа“, рече Счесни, кој во Арсенал пристигна од варшавска Легија во 2006 година како 16 годишник.