9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИндира Кастратовиќ го продолжи договорот со ЖРК Вардар

Индира Кастратовиќ го продолжи договорот со ЖРК Вардар

indi 22

Индира Кастратовиќ и во следните две сезони ќе го предводи тимот на ЖРК Вардар, откако управата и тренерот ја договорија новата соработка.

Кастратовиќ во изминатите две сезони од клупата го предводеше тимот до два настапи на Ф4 турнирите во Лигата на шампионките.

„Очекувам во следниот период како дел од ЖРК Вардар да постигнеме нови резултати со кои клубот ќе биде горд, и јас како тренер. Особено сум благодарна на клубот што ми даде нова доверба да го предводам овој одличен тим на Вардар. Работата и само работа ќе биде мотото во иднина, со верба дека она што го работиме напорно на тренинзите ќе биде валоризирано и со резултат на кој сите ќе се радуваме. Вардар останува моето најблиско семејство, кое секогаш ми давало поддршка, и таквата синергија се покажа како клучна во многу моменти, кога многумина сметаа дека тешко ќе го постигнеме зацртаното. Високите европски цели секогаш ќе останат главната цел на Вардар, за што сите во клубот ќе се обидеме да го постигнеме и да им дадеме нови можности на навивачите да се радуваат, и уште повеќе во однос на минатите сезони“, изјави Кастратовиќ за клупската интернет страница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП