3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРусија исфрлена од Евробаскетот!

Русија исфрлена од Евробаскетот!

rusija-rususususus

Кошаркарската репрезентација на Русија е исфрлена од сите меѓународни натпреварувања, вклучувајќи го и претстојното Европско првенство, потврди претседателот на Кошаркарската федерација, Сергеј Чернов.

„ФИБА писмено ја извести нашата Федерација дека таа не се наоѓа на листата членки на ФИБА. Мора да размислиме како ќе ја решиме ова ситуација, под знак прашалник е дури и нашето учество на Олимписките игри“, изјавил Чернов за агенцијата ТАСС.

Руските медиуми наведуваат дека причина за елиминацијата на Русија од Евробаскетот е мешањето на мосоквоскиот Суд во работата на Федерацијата во 2013 година за време на одржувањето на вонредните претседателски избори.

Кошаркарската репрезентација на Русија на ЕП, кое на програмата е од 5-ти до 20-ти септември, беше извлечена во А групата заедно со Франција, БиХ, Финска, Полска и Израел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП