Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Мишел Платини (60), потврди дека ќе се кандидира за прв човек на ФИФА на изборите кои ќе се одржат на 26-ти февруари наредната година.
Платни за својата одлука со писмо ги известил членките на УЕФА и побарал нивна поддршка на изборите. Според шпекулациите Платни решил да се кандидра бидејќи ќе ја добие поддршката на четири континетални конфедерации, покрај УЕФА, тој смета на поддршката на КОНМЕБОЛ (Јужна Америка), КОНКАКАФ (Северна и Средна Америка и Кариби) и Азија (АЦФ).
Доколку споменатите конфедерации гласаат за Платини, тоа значи дека тој би добил 144 гласа, што е и повеќе од доволно да го наследи Блатер.
Рокот за поднесување на кандидатури за претседател на ФИФА е до 26-ти октомври.