10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВрие во Трабзон, тренерот поднесе оставка, голманот се вратил дома?!

Врие во Трабзон, тренерот поднесе оставка, голманот се вратил дома?!

trabzon rener

Вистински хаос се случува во фудбалскиот клуб Трабзон во пресрет на натпреварот со Работнички. Според турските медиуми тренерот Шота Аверладзе поднел оставка на функцијата, а екипата ја напуштил капитенот Онур Киврак.

Турските медиуми пренесуваат дека, во вторникот, по тренингот кој Трабзон го одработи на помошниот терен на Работнички дошло до жестока расправија помеѓу тренерот Аверладзе и голамнот кој е и капитен на тимот Киврак.

По караницата голманот Киврак решил да го напушти тимот и според истите извори тој веќе се вратил во Турција. На ваквото однесување на капитенот тренерот Аверладзе одоговрил со поднесување на оставка.

Сепак одделни медиуми пренесуваат дека Аверладзе сепак ќе го предводи Трабзон на мечот во Скопје, а неговата оставка ќе се расправа по враќањето во Турција.

Натпреварот в четврток ќе се одигра на „Филип Втори“ и ќе започне во 20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП