10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кралевите“ го купуваат талентираниот Ваљехо

„Кралевите“ го купуваат талентираниот Ваљехо

valjeho

Реал Мадрид е на пат да го привлече централниот дефанзивец Хесус Ваљехо кој е капитен на победничкиот тим на Шпанија до 19 години кој ова лето дојде до европската титула.

17-годишниот фудбалер се очекува да премине од Сарагоса во „кралскиот“ клуб за сума од 6 милиони евра, соопштува „АС“.

Токму таквиот износот е зачуван како ослободувачка клаузула во договорот на дефанзивецот со неговиот актуелен клуб.

Постои веројатност Ваљехо да остане во Сарагоса за еден или две сезони како позајмен игра пред да добие можност да се бори за место во првиот состав на „кралевите“.

Интерес кон него имаше уште од Барселона и Виљареал, како и од италијанскиот Удинезе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП