19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМексиканците му врачија отказ на Ерера

Мексиканците му врачија отказ на Ерера

miguel-erera22

Селекторот на фудбалската репрезентација на Мексико Мигел Ерера два дена по освојувањето на Голд Купот доби отказ од националната федерација.

Мексиканската фудбалска федерација реши да ја прекине соработката со темпераментниот стратег поради инцидентот кој Ерера го предизвика на аеродромот во Филаделфија.

Имено селекторот, незадоволемн од критиките на ТВ коментаторот Кристијан Мартиноли се обидел физички да се пресмета со него.

Мартиноли, во понеделникот, изјави дека 47-годишниот тренер му се заканувал и дека го удрил по лицето.

Ерера најдобрата мексиканска селекција ја предводеше од 2013 година, на Светското првенство во Бразил тој стигна до осминафиналето каде во инфаркт натпревар загуби од Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП