3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: АПОЕЛ, Монако, Скендербег на чекор до наредната рунда

ЛШ: АПОЕЛ, Монако, Скендербег на чекор до наредната рунда

spoooop

Екипите кои гостуваа во првите натпревари од третото коло во Лигата на шампионите, кои се одиграа во вторникот, стекнаа поволни резултати пред реваншите.

Честа на домаќините ја спаси Панатинаикос чии фудбалери славеа над Бриж. На терените беа и двајца македонски репрезентативци Филип Ивановски (Видеотон) и Аријан Адеми (Динамо Загреб), но нивните тимови одиграа 1:1 со БАТЕ Борисов и Молде.

На чекор до пласман во плејофот во Лигата на шампионите се наоѓаат АПОЕЛ, Скендербег, Викторија Плзен и Монако кои забележаа победи над своите опоненти.

АПОЕЛ кој во претходната рунда го елиминираше Вардар славеше во Данска над Митјиланд со 2:1. Де Висенти кој постигна гол против Вардар, беше стрелец на двата гола против Митјиланд.

Скендербег со двата гола на Салих во Молдавија славеше над Милсами, Викторија Плзен со 2:1 во Тел Авив го победи Макаби, а Монако, четвртфиналистот од минатата сезона, со 3:1 го совлада Јанг Бојс во Берн.

Резултати: ЦСКА Москва-Спарта Прага 2:2, Митјиланд-АПОЕЛ 1:2, Милсами-Скендербег 0:2, Макаби-Викторија 1:2, Панатинаикос-Бриж 2:1, Јанг Бојс-Монако 1:3, Динамо Загреб-Молде 1:1, Видеотон-БАТЕ Борисов 1:1, Фенербахче-Шахтјор 0:0.

Во среда ќе играат: Хелсинки-Астана, Стеауа-Партизан, Селтик-Карабаг, Лех-Базел, Рапид Виена-Ајакс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП