1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАртуро Видал стана играч на Баерн Минхен

Артуро Видал стана играч на Баерн Минхен

vidal fb22

Најтрофејниот германски тим, минхенски Баерн, официјално го потврди трансферот на Чилеанецот Артуро Видал.

Видал, денеска, успешно ги мина медицинските прегледи во Минхен по што го ставил својот потпис на петгодишниот договор со германскиот шампион.

Баерн за услугите на Видал на Јувентус му платил сума од 40 милиони евра, а играчот од средниот ред во Минхен ќе има годишна плата од 10 милиони евра.

Артуро Видал во тимот ќе го замени Бастијан Швајнштајгер кој се пресели во Премиерлигата во Манчестер Јунајтед.

Чилеанецот кој од 2011-та до оваа сезона играше за Јувентус, во периодот од 2007-ма до 2011-та година одигра 117 натпревари и постигна 15 голови за Баер Леверкузен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП