17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТорино сака, но нема пари да го откупи договорот на Адеми

Торино сака, но нема пари да го откупи договорот на Адеми

ademi 98

Калчолигашот Торино покажува интерес за македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми, но според италијанските медиуми нема пари за да го откупи неговиот договор.

Како што пишуваат италијанските медиуми е еден од најважните играчи на Динамо, кој во меѓувреме стана и репрезентативец на Македонија. Италијаните потенцираат дека Адеми е играч со исклучителни дефанзивни квалитети, кој поседува и одличен преглед на играта и тактички квалитет.

Цената според нив изнесува пет милиони евра, што е премногу за Торино, па на Динамо му понудиле да го позајмат Адеми со можност во наредната сезона да го откупат неговиот договор.

Од друга страна хрватскиот „Јутарњи лист“ пишува дека судбината на Адеми зависи и од настапот на Динамо во европските купови, односно дали првакот на Хрватска ќе избори место во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Според овој извор доколку Динамо испадне од евро куповите уште на почетокот на сезоната можно е Адеми да му биде отстапен на Торино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП