4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕкпе Удо нов соиграч на Антиќ во Фенербахче

Екпе Удо нов соиграч на Антиќ во Фенербахче

udoh-25-07

Доскорешниот центар на ЛА Клиперс Екпе Удо е нов член на Фенербахче, потврди турскиот кошаркарски клуб на својата официјална интернет страница.

Удо кој кариерата ја започнал на Универзитетот Мичиген, во 2010 година како шести пик на драфтот бил избран од страна на Голден Стејт Вориорс, а во НБА лигата играл и за Милвоки Бакс.

Центарот висок 208 сантиметри е трето засилување на Фенербахче кое доаѓа од НБА лигата, покрај Перо Антиќ и Луиџи Датоме, а вкупно петто од почетокот на преодниот рок, откако договори со Фенер потпишаа Костас Слукас (Олимпијакос) и Боби Диксон (Каршијака).

Минатата сезона во НБА лигата Удo немаше забележителен учинок, за четири минути на теренот просечно бележел по еден поен и еден скок по натпревар.

Фенербахче минатата сезона стигна до завршниот турнир во Евролигата каде го освои четвртото место, а во пресрет на новата сезона тренерот Жељко Обрадовиќ реши да го реновира тимот кој остана без Немања Бјелица, Семих Ерден, Ендрју Гаудлок, Никос Зизис и Лука Жориќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП