27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДва меча суспензија за Кавани, три за Табарез

Два меча суспензија за Кавани, три за Табарез

осккк

Уругвајскиот репрезентативец Единсон Кавани е суспeндиран од две официјални средби поради црвениот картон што го доби на мечот со Чиле, одигран во четвртфиналето на Копа Америка.

Кавани е супендиран бидејќи го удри челеанскиот дефанзивец Гонзало Хара откако беше испровоциран од вулгарниот гест на противничкиот играч.

Јужноамериканската фудбалска конфедерација во образложението наведува дека еден меч суспензија Кавани добил поради црвениот картон, а од уште еден меч е суспендиран бидејќи го навредувал судијата.

Напаѓачот на Пари Сен Жермен ќе ги пропушти квалификациските натпревари за пласман на Мундијалот во Русија против Боливија (8-ти октомври) и Колумбија (12-ти октомври).

Претходно репрезентативецот на Чиле, Хара, доби три натпревара суспензија поради неспортско однесување, поради што тој ја порпушти завршницата на Копа Америка која заврши со триумф на неговата репрезентација.

Инаку, поради вербалениот инцидент со судијата на истиот натпревар, три меча суспензија доби селекторот на Уругвај, Оскар Табарез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП