3 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСловенија без Горан Драгич на ЕП

Словенија без Горан Драгич на ЕП

Image3333

Најдобриот кошаркaр на Словенија, Горан Драгич, нема да настапи за националниот тим на Европското првенство кое започнува на 5.септември, чии домаќини се Франција, Хрватска, Латвија и Германија.

Како што пренесува „siol.net“, Драгиќ во консултација со првиот човек на Мајами Хит, Пет Рајли, ја донел одлуката летото да го мине во подготовки со тимот. Инаку, Горан Драгич, пред две недели го потпиша најголемиот договор во историјата на словенечкиот спорт, тој од Мајами ќе заработи 75 милиони долари за пет години.

Репрезентацијата на Словенија на Еуробаскетот во првата фаза ќе се натпреварува во Групата во Загреб заедно со Македонија, Хрватска, Грција, Грузија и Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП