8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАМС со повеќе манифестации ќе го одбележи Илинден

АМС со повеќе манифестации ќе го одбележи Илинден

amsams5555

Националниот празник Илинден годинава ќе биде одбележан со низа спортски активности во организација на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и националните спортски федерации.

„Илинден е еден од најголемите национални празници, кој зазема значајно место во историјата на македонскиот народ. Во годината кога се одбележуваат 112 години од Илинденското востание и 71 година од АСНОМ, преку неколку настани ќе се обидеме симболично да им оддадеме почит на нашите предци, кои придонесоа за создавањето на нашата држава. Токму затоа, годинава АМС во соработка со дел од националните спортски федерации реализираат повеќе активности за одбележување на празникот“, рече директорот на АМС Марјан Спасески.

АМС во соработка со Планинарската федерација на Македонија, годинава по 29-ти пат ќе го организира традиционалниот Илинденски марш, кој што ќе започне од Скопје, преку Крушево и ќе заврши во Охрид со рута од 200 километри каде што ќе бидат вклучени голем број планинари од планинарските здруженија во државата, но и гости од странство. Турата започна во вотрникот и ќе трае до 2 август.

Во соработка со Велосипедската федерација, АМС годинава ќе ја организира традиционалната велосипедска тура низ Македонија „Илинден 2015”, која ќе се вози во две етапи. На трката учество ќе земат 25 велосипедисти, кои ќе поминат 125 км на рутата Велес – Градско – Росоман – Прилеп – Кривогаштани – Крушево.

Прославувањето на големиот празник Илинден ќе го одбележи и Кајакарската федерација на Македонија, која во соработка со АМС и Сојуз на спортски

федерации на Македонија ќе го организира „Илинденскиот кајак спринт”. Станува збор за натпревар на мирни води на Охридското Езеро, а истиот ќе започне в сабота (1 август) во 9 часот, старт во Струга.

Големиот македонски празник ќе биде одбележан и со Ревијална Илинденска регата, во организација на Едриличарската федерација на Македонија. Стартот е на 1 август во 9 часот во Охрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП