3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБостон ја повлекува кандидатурата за ОИ во 2024

Бостон ја повлекува кандидатурата за ОИ во 2024

bostonki

Американскиот град Бостон ќе ја повлече својата кандидатура за домаќин на Олимписките игри во 2024 година. Одлуката била донесена откако градоначалникот Марти Велш рекол дека градот ќе се откаже од организацијата на ОИ доколу таа поради високата цена „ги остави ранливи даночните обврзници“.

Досега спроведените анкети меѓу граѓаните на Бостон и неговата околина покажале голема загриженост дека организацијата на ОИ би била преголем товар за градскиот буџет.

„Не можам да рескирам со парите на даночните обврзници. Одбивам да ја загрозам иднината на градот и поради тоа нема да ја прифатам одговорноста доколку не можам да ги заштитам градот и неговите жители“, рекол Велш.

Организациониот одбор за бостонската кандидатура минатата недела објави план според кој за одржување на Игрите би биле потребни околу 8,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП