22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФелипе Мело во Интер

Фелипе Мело во Интер

melo in

Бразилецот Фелипе Мело е ново засилување на калчолигашот Интер од Милано. „Нероазурите“ за трансферот на Бразилецот ќе платат три милиони евра и веројатно ќе го испратат во Галатасарај Јапонецот Јуто Нагатомо.

Фелипе Мело има искуство од Серија А, тој во минатотo играше за Фиорентина и Јувентус.

Мело, кој има одиграно 22 натпревари за бразилската репрезентација, a во кариерата настапувал за Фламенго, Крузеиро, Гремио, Мајорка, Расинг Сантандер и Алмерија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП