
Дидие Дрогба кариерата ќе ја продолжи во северноамериканската професионална фудбалска лига (МЛС). Легендарниот напаѓач на Челзи потпиша договор со екипата од Канада, Монтреал Импакт.


Дидие Дрогба кариерата ќе ја продолжи во северноамериканската професионална фудбалска лига (МЛС). Легендарниот напаѓач на Челзи потпиша договор со екипата од Канада, Монтреал Импакт.
Дрогба е уште едно големо име на светскиот фудбал кој на залезот на кариерата се сели во МЛС лигата, претходно во оваа лига пристигнаа Френк Лампард, Стивен Џерард и Андреа Пирло.
Дрогба во клупската кариера има постигнато 263 голови, од кои 164 во дресот на Челзи, исто така е најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска со 65 голови.
Покрај за Челзи, Дрогба играл и за Галатасарај, Шангај, Олимпик Марсеј, Генган и Ле Ман каде ја започнал кариерата.
Монтреал е член на МЛС лигата од 2010 година, а минатата сезона го имаше најлошиот резултат во лигата. Во тековното првенство Монтреал се наоѓа на шестото место во Источната конференција со седум победи во 18 одиграни натпревари.