
Сеад Шеховиќ е првото засилување за црногорскиот кошаркарски шампион Будуќност, откако реши да го напушти тимот на МЗТ.
Бекот кој кариерата ја започна во сараевска Босна, минатата сезона во дресот на МЗТ, во регионалната АБА лига имаше учинок од 10,5 поени, 3,8 скока, 21, асистенција и една украдена топка по натпревар.
Сеад Шеховиќ во периодот од 2007 до 2011 година играше за Будуќност, а во кариерата настапувал и за Олденбург, Солнок и Бајројт.
За Шеховиќ во пресрет на преодниот рок интерес покажуваше белградски Партизан, но тој решил да ја прифати понудата на Будуќност каде ќе игра заедно со својот брат Суад кој потпиша нов договор со шампионот на Црна Гора.