15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНикола Калиниќ нов соиграч на Антиќ

Никола Калиниќ нов соиграч на Антиќ

sp-kalinic

Српскиот кошаркарски репрезентативец, Никола Калиниќ, кариерата ќе ја продолжи кај тренерот Жељко Обрадовиќ во екипата на Фенербехче, пренесува Б92 повикувајќи се на неименувани извори.

Калиниќ минатата сезона беше еден од најзаслужните за историскиот успех на Црвена ѕвезда, односно за освоената тројна круна и пласманот во Топ 16 фазата во Евролигата.

Исто така, крилниот играч со српската репрезентација го освои второто место на Светското првенство во Шпанија.

Според шпекулациите, бидејќи Калиниќ има важечки договор со Црвена ѕвезда кој истекува за две години, Фенербахче ќе плати околу еден милион евра за неговите услуги.

Фенербахче, играше на завршниот турнир во Евролигата, во летниот преоден рок прави голема реконструкција на тимот, откако претходно во клубот пристигнаа Перо Антиќ (Атланта), Луиџи Датоме (Бостон), Костас Слукас (Олимпијакос) и Боби Диксон (Каршијака).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП