25 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГонзалес ги стратуваше подготвките на РК Вардар

Гонзалес ги стратуваше подготвките на РК Вардар

rk vardarci

Ракометарите на Вардар го имаа првиот собир со што тренерот Раул Гонзалес официјално ги започна подготовките за новата сезона.

На првата прозивка присутни биле сите ракометари, меѓу кои и петтмината кој во овој преоден рок ги засилија редовите на македонскиот шампиони: Манасков, Циндриќ, Марсениќ, Македа и Деревен.

Вардар до крајот на оваа недела ќе се подготвува во Скопје, а потоа тимот ќе замине во Словенија каде ќе продолжи со подготвките. Во подготвителниот период Вардар ќе настапи на два турнири, во Кањижа и во Скопје.

’Црвено-црните’ покрај во домашните натпреварувања и оваа сезона ќе играат во регионалната СЕХА лига, каде на стартот ќе играат против Зомимак и во Лигата на шампионите каде противници ќе им бидат Барселона, Рајн Некар Ловен, Кјелце, Колдинг, ПИК Сегед, Монпелје и Кристијанштад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП