ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа 10 години Мурињо потрошил речиси милијарда евра на засилувања

За 10 години Мурињо потрошил речиси милијарда евра на засилувања

mourinjo pari

Последната контраверзна изјава од многуте на Жозе Мурињо се однесува на ривалите на Челзи во Премиерлигата во која Португалецот вели дека големите клубови се обидуваат да ја купат титулата со пари, односно правење големи трансфери.

Иронично, Жозе Мурињо изминативе години е најголемиот купувач на фудбалери, односно има потрошено многу повеќе од било кој тренер во топ клубовите во Европа. Во оваа статистика не се вклучени трансферите направени во 2015-та година.

Португалецот од 2004-та година до ланскиот летен преоден рок има потрошено вкупно 903 милиони евра на трансфери за време на неговото „владеење“ во Челзи, Интер и Реал Мадрид.

Тука најблиску до него е Карло Анчелоти, кој во Милан, Челзи, ПСЖ и Реал Мадрид има потрошено 881 милиони евра.

mourinjo pari2

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП