9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСрбинот Даниловиќ победи на трката „Трофеј Илинден 2015“

Србинот Даниловиќ победи на трката „Трофеј Илинден 2015“

trka-ilinden555

Велосипедската трка „Трофеј Илинден 2015“ беше круна на спортскиот викенд „Илинден 2015“, што традиционално седма година по ред се одржува по повод одбележувањето на денот на Општина Илинден. Трка во должина од 100 километри се возеше низ населените места во Општина Илинден.

Велосипедската трка има меѓународен карактер, а истата е влезена во календарот на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за Купот на Македонија.

Велосипедистите возеа четири круга во должина од по 25 килемотри низ населените места Илинден, Марино, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино. Велосипедистите се натпреваруваа во повеќе категории сениори, јуниори, кадети, мастерс, како и категориите У-13 и У-15.

„Трофеј Илинден 2015“ во најсилната конкуренција по припадна на гостинот од Србија, Марко Даниловиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП