25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSergio вреди 3 милиони евра

Sergio вреди 3 милиони евра

pininfarina-sergio-concept-geneva

Извршниот директор на компанијата „Pininfarina“ истакна дека наскоро би можеле да започнат со производство на ограничената серија на концептот „Sergio“. Силвио Ангори нагласува дека ќе бидат направени пет до шест возила и дека тоа ќе биде втора шанса за сите оние кои неуспеале да го купат „Lamborghini Veneno“ и тоа по иста цена од 3 милиони евра.

Дизајниран во чест на „Sergio Pininfarina“ кој почина минатата година, концептот „Sergio“ е долг 4550mm, широк 1940mm и високi 1140mm, а тежок е 1280kg.  Во прашање е двосед со две врати и без предно стакло, а заедно со автомобилот се порачуваат и две кациги.

Ова возило се одликува со V8 4499cc мотор управуван со седмостепен сенквенцијален менувач кој овозможува автомобилот да достигне до 100km/h за помалку од 3.4 секунди, а додека максималната брзина која може да ја развие е 320km/h.

Овој концепт на „Pininfarina“ ќе може да се вози по улиците, поради тоа што европските закони дозволуваат да се управуваат возила без предно стакло, но со задолжително носење на кациги. За сите кои не се задоволни од носењето на заштитните кациги, достапна е и опција да се порача и предно стакло.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП