3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоминантна победа на Иџе во Германија

Доминантна победа на Иџе во Германија

idze 300

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе забележа нова победа во Европскиот шампионат на ридски патеки, тој со рекорд на патеката триумфираше во Гласбахренен, Германија.

Стефановски победи во Германија со време кое за десет односно шеснаесет секунди беше подбро од времињата на Јири Лос и Мартин Јерман и направи уште еден голем чекор кон одбрана на титулата во N групата.

„ Имавме навистина перфектен викенд. Подобрените перформанси најмногу се должат на промената на пневматиците. Последниве две трки ги возиме со новата компонента на Пирели која ја имаат моите конкуренти. Разликата е повеќе од очигледна. Втор момент е што ова е техничка патека, а таквите многу добро му лежат на мојот стил на возење и на вакви патеки секогаш постигнувам врвни резултати“, рекол Стефановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП