5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМексико го освои Голд Купот

Мексико го освои Голд Купот

mex kup

Фудбалската репрезентација на Мексико го освои Голд Купот, превенството на Северна и Средна Америка и Карибите. Мексиканците до својата седма титула стигнаа со победата над Јамајка од 3:1. Финалниот меч се одигра на стадионот во Филаделфија, а го следеа 70.000 гледачи.

Првиот гол на мечот го постигна Гуардадо по половина час игра. Инаку, играчот на ПСВ Ајндховен е прогласен за најдобар играч на турнирот.

Водството на Мексиканците го зголеми Корона во 46-та минута, а недостижна предност на ’сомбрероси’ им донесе Пералта по еден час игра. Почесниот гол за Јамајка во финалето го постигна Матокс во 79-та минута.

Мексико против Јамајка ја забележа втората ’нормална’ победа на Копа Америка, по онаа во првото коло над Куба (6:0). По мечот со Куба Мексиканците ремизира против Гватемала (0:0) и Тринидад и Тобаго (4.4), а потоа во четвртфиналето и полуфиналето против Костарика, односно Панама го минаа го голема судиска помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП