4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФрум крунисан на Елисејските полиња

Фрум крунисан на Елисејските полиња

frum-tur-de-frans

Британецот Крис Фрум втор пат во кариерата ја освои најпрестижната велосипедска трка во светот „Тур Д’Франс“.

Последната етапа, која немаше влијание врз резултатите во генералниот пласман, Фрум ја заврши далеку зад победникот Германецот Андре Грајпел, зад него етапата ја завршија Брајан Кокард и Александар Кристоф.

Грајпел ја забележа четвртата етапна победа на „Тур Д’Франс’.

Инаку, покрај Фрум, на победничкиот пиедестал се најдоа уште Наиро Квинтана и Алехандро Валверде, Колумбиецот во генералниот пласман беше зад Фрум за 72 секунди, додека Шпанецот имаше послабо време за пет минути и 25 секунди.

Квинтана и Валверде го предводеа Мувистар најдобриот тим на годинешното издание на Трката околу Фрнација.

Еден од јунаците на годинешната трка е и Словакот Петер Саган, кој не победи на ниту една етапа, но четврта година по ред е најдобриот спринтер.

Тур Д’Франс, генерален пласман:

1. Крис Фрум (Велика Британија/Скај) 84:46.14 часа

2: Наиро Квинтана (Колумбија/Мувистар) +1:12 минути

3: Алехандро Валверде (Шпанија/Мувистар) +5:25 минути

4. Винченцо Нибали (Италија/Тинкоф-Саксо) +8:36 минути

5. Алберто Контадор (Шпанија/Тинкоф-Саксо) +9:48 минути

Маички:

Жолта (победник) – Крис Фрум

Бела (млади) – Наиро Квинтана

Точкеста (ридски етапи) – Крис Фрум

Зелена (спринтер) – Петер Саган.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП