26 февруари, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФ1: Фетел победник на Хунгароринг

Ф1: Фетел победник на Хунгароринг

Winner Ferrari Formula One driver Sebastian Vettel of Germany celebrates with the trophy after the Hungarian F1 Grand Prix at the Hungaroring circuit, near Budapest, Hungary July 26, 2015. REUTERS/Bernadett Szabo

Германскиот возач во Формула 1 шампионатот Себастијан Фетел во болидот на Ферари е победник на јубилејната 30-та трка за Големата награда на Унгарија, која во неделата се возеше на патеката „Хунгароринг“ крај главниот град Будимпешта.

Фетел со оваа победа ја прекина низата на возачите на Мерцедес, тим којшто се покажа како доминантен во досегашниот тек од Светското првенство на Формула 1, но кој потфрли во Унгарија.

Поранешниот светски шампион Фетел ја забележа втората победа во сезоната и 41-ва во кариерата, со што на листата на сите времиња се изедначи на третата позиција со легендарниот несреќно загинат Бразилец Аиртон Сена. Фетел победа му ја посвети на неодамна починатиот колега од Ф1, Французинот Жил Бјанки, кому пред почетокот на денешната трка почест му оддадоа сите возачи.

Второто и третото место го освоија возачите на Ред Бул, Русинот Данил Квјат и Австралиецот Даниел Рикардо, додека водечкиот во вкупниот пласман и победникот од саботните квалификации, Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес, траката ја заврши како шести со големи проблеми со болидот, а неговиот клупски колега и голем ривал за титулата годинава, Германецот Нико Розберг, во самата завршница се судри со Рикардо, и целта ја мина како осми.

Хамилтон, така, со 202 поени ја зголеми предноста пред Розберг кој има 181, а Фетел е трет со 160 поени.

Следната трка на распоредот е Големата награда на Белгија, којашто ќе се вози на 23-ти август во Спа-Франкоршамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП