20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНовото Audi RS4 ќе се нуди и како седан

Новото Audi RS4 ќе се нуди и како седан

rs 4 model

Следната генерација на „Audi RS4“ повторно ќе биде понудена и како седан верзија, пишува весникот „Autocar“. Оваа генерација на моделот е достапна само како караван.

Одлуката за враќање на седанот е со цел да се зголеми продажбата на „RS4“ на пазарите во Кина и САД, каде што има сериозен интерес за слични автомобили. При тоа во „Audi“ немаат намера да се откажат од верзијата „Avant“.

Веќе е познато дека следниот „RS4“ ќе се лиши од 4,2-литарскиот атмосферски „V8“ со 450 КС, чие место ќе биде зафатено од твин-турбо „V6“ со моќност од околу 500 КС. Техничкиот директор на „Audi“, Улрих Хакенберг призна дека за овој мотор ќе биде користена електрична турбина, благодарение на која ќе бидат подобрени еколошките перформанси на моторот.

Претходниот седан „Audi RS4“ се произведуваше во периодот 2006-2008-ма година, а беше опремен со 4,2-литарски „V8“ со 420 КС. Новата генерација ќе биде претставена во март следната година на саемот во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП