18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал го декласира Сити и го освои турнирот во Мелбурн

Реал го декласира Сити и го освои турнирот во Мелбурн

mel rm

Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија Mеѓунарoдниот куп на шампионите во Мелбурн, откако славеа над Манчестер Сити со 4:1. Претходно Реал одигра без голови со Рома, додека резултатот помеѓу Сити и Рома беше 2:2.

Реал во целост го контролираше дуeлот, а делумно работата на ’кралскиот клуб’ му ја олесни тренерот на противникот Мануел Пелегрини кој во централната дефанзивна линија играше со Камерон Хамфриз и Џејсон Денејер.

Првите два гола Реал ги постигна во 21-ва и 25-та минута преку Карим Бензема и Кристијано Роналдо, а во претпоследната минута од првиот дел Пепе зголеми на 3:0.

Во судиското надополнување на времето Јаја Туре намали на 3:1 откако судијата по една сомнителна ситуација покажа на белата точка.

Конечниот резултат го постави Денис Черишев во 73-та минута од натпреварот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП