3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСрбиновски и кошаркарите в сабота стартуваат со подготовките

Србиновски и кошаркарите в сабота стартуваат со подготовките

kosarkari mkd

Македонската кошаркарска репрезентација, в сабота во СЦ „Јане Сандански“ во 10:30 часот, ќе започне со подготовките за настап на Европското првенство.

Во подготвителниот период националниот тим влегува со новиот селектор Марјан Србиновски, кој ја прифати понудата на Федерацијата да го наследи Александар Џикиќ со кого МКФ пред три дена ја раскина соработката.

Марковски, во петокот на прес конференцијата на која ги образложи причините поради кои Џикиќ добил отказ, потенцираше дека Србиновски како млад стратег ја има целосната поддршка на Федерацијата.

„Имаме целосна доверба во селекторот кој во последните два циклуса беше прв помошник на селекторите со нееднаков успех. Во првиот настап, со Србиновски како асистент го имаше историскиот успех, каде што и селекторот беше Македонец, а во вториот настап завршивме на 21-то место. Му благодарам на Србиновски што прифати да ја води репрезентацијата“, рече Заре Марковски споретскиот директор на МКФ.

Марковски дополни дека целосно ќе биде во функција на новиот селектор и дека секогаш ќе му помогне кога Србиновски тоа ќе го побара од него.

На првиот собир, ќе се појават сите репрезентативци со исклучок на натурализираниот Ричард Хендрикс, кој од поранешниот селектор Џикиќ уште добил дозвола да пристигна на подготовките на 30-ти јули.

„Тука сега се појави проблем бидејќи тој дополнително побара рокот да му биде продолжен, комуникацијата со него ќе продолжи и ќе видиме како ова ќе заврши. И ова покажува дека МКФ ја имал загубено контролата врз она што се случува во репрезентацијата“, рече спортскиот директор, во истовреме демантирајќи ги информациите на медиумите од Словенија дека на Брајан Данстон, новиот играч на Анадолу Ефес, му било понудено македонско државјанство.

Повик да биде дел од подготвките доби и Кире Николовски, кој не се најде на првиот список кој го објави Џикиќ.

Марковски на 50-тина дена до почетокот на ЕП не сакаше да коментира какви се шансите на националниот тим.

„Мислам дека тргнувајќи од 21-то место и фактот дека имаме сосема нова репрезентација, секоја победа за Македонија на ЕП ќе биде голем успех, секако надевајќи се дека ќе дојдеме најмалку до тоа што ќе не однесе во понатамошната фаза. Не можам да кажам што би преставувало успех затоа што немам увид во репрезентацијата, таа е подмладена, треба да се победи на повеќе натпревари. Мислам дека би било несериозно од мене да кажам било какво предвидување“, рече Марковски.

Македонија на ЕП кое ќе започне на 5-ти септември, во првата фаза ќе игра во Групата во Загреб заедно со Хрватска, Словенија, Грција, Грузија и Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП