7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПерез неповреден по страотната несреќа

Перез неповреден по страотната несреќа

serhio prez

Возачот на Форс Индиа, Серхио Перез, имаше страотна несреќа за време на првиот тренинг во пресрет на трката за Големата награда на Унгарија, но за среќа мина неповреден.

Мексиканецот во моментот кога излегуваше од свиокот бр:11 загуби контрола врз задниот дел од болидот, потоа тој се изврте на патеката удри во заштитната ограда. Ударот повотрно го врати на патеката, а бидејќи едно тркало од ударот беше под болидот, возилото едноставно полета и се сврте во воздухот за 180 степени.

За среќа Перез веднаш излезе од болидот, веднаш беше однесен на медицински прегледи, а по само 15-тина минути се појави во боксот на Форс Индиа.

Најбрзо време на првиот тренинг на патеката „Хунгароринг“ забележа актуелниот првак, возачот на Мерцедес Луис Хамилтон, додека една десетинка послабо време забележа Нико Розберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП