21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМундијалот во Русија ќе почне и ќе заврши на „Лужники“

Мундијалот во Русија ќе почне и ќе заврши на „Лужники“

luzniki stdion

Првиот и финалниот натпревар на Светското првенство кое во Русија ќе се одржува во 2018-та година ќе се одиграат на „Лужники“ стадионот во Москва, потврди Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Четвртфиналните натпреваринатпревари ќе се играат на стадионите во Казањ, Нижни Новгород, Сочи и Самара, додека домаќини на полуфиналните средби на Мундијалот во 2018 година ќе бидат Санкт Петербург и Москва.

Домаќинот на СП, Русија првиот натпревар со кој ќе биде отворен Мундијалот ќе го одигра на 14.јуни, додека финалето е закажано за 15.јули.

ФИФА исто така соопшти дека Купот на Конфедерации во 2017 година, на кој учествуваат сите континетални шампиони и актуелниот светски првак, ќе се одржи од 17.јуни до 2.јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП