9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПариз е следната дестинација на Ди Марија!

Париз е следната дестинација на Ди Марија!

di ma

Манчестер јунајтед прифатил понудата на ПСЖ за Анхел ди Марија. Според информациите, двете страни постигнале договор за трансфер сума во вредност од 65 милиони евра.

Во минатата недела тренерот на парижаните Лорен Блан потврди дека клубот има интерес кон аргентинското крило. Во последните недели се појавија гласини и за интерес од Баерн Минхен и Барселона.

ПСЖ имаше желба да го земе Ди Марија од Реал Мадрид во минатото лето. Сепак тогаш клубот беше казнет за прекршување на правилата за финансиски ферплеј и доби ограничувања при плаќањето на трансферните суми и платите.

Во почетокот на месецот, сепак УЕФА ги олесни ограничувањата за ПСЖ и Манчестер сити, иако ги остави под мониторинг.

На крајот на јуни Ди Марија изрази незадоволство од својот статус во Манчестер јунајтед.

„Работите не се така како што посакував, бидејќи не играм. Дојдов со намера да играм, а се најдов на клупата“, изјави Аргентинецот.

27-годишниот играч беше привлечен на „Олд Трафорд“ за сума од  против 75 милиони евра, што е рекорден дојдовен трансфер во Премиер лигата. Крилото забележа 32 натпревари, во кои се запиша четири пати, а многу често остануваше надвор почетниот состав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП