3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи потпиша со 18-годишниот Пантиќ

Челзи потпиша со 18-годишниот Пантиќ

Danilo-Pantic01

Англискиот шампион Челзи соопшти дека го комплетирал трансферот на поранешниот играч на Партизан, Данило Пантиќ (18).

Младиот фудбалер нема веднаш да конкурира за првиот тим на Челзи, туку ќе му биде отстапен на холандски Витесе.

Во соопштението од Челзи се наведува дека Пантиќ во минатата сезона настапувајќи за Партизан во Лига Европа покажал знаење и креативност.

„Многу сум среќен што потпишав договор со шампионот во Премиерлигата. Се надевам дека своето знаење во целост ќе го презентирам во Витесе во наредната сезона. Голема чест за мене преставува тоа што двата клуба покажаа дека имаат доверба во моите квалитети“, рекол Пантиќ.

Договорот на Пантиќ со Партизан истече на 30-ти јуни, а тој лично одби да го продолжи поради што клубот реши да го суспендира.

Поради суспензијата 18-годишниот фудбалер не можеше да настапи за Србија на младинското светско првенство, каде Србите ја освоија титулата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП