10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички закажа двомеч со Трабзон

Работнички закажа двомеч со Трабзон

rabotnichki-romanticharite

Фудбалерите на Работнички се пласираа во третото квалификациско коло во Лига Европа. ‘Романтичарите’ во реваншот ја совладаа Јелгава со 2:0, со што ја надоплнија негативата од еден гол која ја имаа по првиот меч.

Работнички на „Филип Втори“ прашањето околу патникот во третото коло го реши за 17 минути игра кога беа постигнати двата гола.

Првиот гол го постигна капитенот Баже Илијоски, кој со глава го матираше летонскиот голман по нафрлувањето на Цикарски.

Единаесет минути подоцна Суад Сахити лесно се справи со одбраната на Јеглава и му ја донесе посакуваната предност на Работнички.

Противник на Работнички во третото коло ќе му биде турски Трабзон, првиот меч на програмата е на 30.јули во Скопје, а реваншот е на 6.август во Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП